„Фокусот треба да биде на луѓето“, изјави Регионалниот директор на ИОМ на академската конференција во Република Македонија

Охрид – Со над една милијарда луѓе во движење на глобално ниво и 250 милиони меѓународни мигранти, обемот на феноменот на миграцијата често го прикрива фактот дека секој мигрант има своја единствена приказна. Ова беше темата на воведниот говор на регионалниот директор на ИОМ, Аргентина Сабадош во средата (05/09) на конференцијата организирана од еден од […]

Охрид – Со над една милијарда луѓе во движење на глобално ниво и 250 милиони меѓународни мигранти, обемот на феноменот на миграцијата често го прикрива фактот дека секој мигрант има своја единствена приказна. Ова беше темата на воведниот говор на регионалниот директор на ИОМ, Аргентина Сабадош во средата (05/09) на конференцијата организирана од еден од водечките универзитети во Централна Европа.

„Постои огромен фокус на бројките“, изјави Сабадош за високите претставниците на академијата, министрите, медиумите, меѓународните студенти и лидерите на граѓанското општество. “Меѓутоа, ние никогаш не смееме да заборавиме дека миграцијата е првенствено за луѓето, од кои многумина се ранливи, исплашени и експлоатирани, и кои имаат потреба од решенија кои ќе ги заштитат како за време на нивното, така и по нивното пристигнувањето”.

Конференцијата „Миграцијата и бегалците во глобализираниот свет: одговорности и одговори“, се одржа покрај езерското крајбрежје во Охрид, Република Македонија. Учество на средбата земаа широк спектар на луѓе од сите сфери на општеството за да го промовираат подоброто разбирање на димензиите на глобалната мигрантска и бегалска ситуација, да разменат искуства и научени лекции, да и помогнат на академската заедница во приближување кон миграцијата, да се развијат истражувачки проекти, да се подигне јавната свест и да се промовира емпатија за бегалците и мигрантите.

Сабадош истакна дека и самата Република Македонија, исто така, е погодена од брзи и неочекувани мигрантски движења: од 2015 година речиси еден милион бегалци и мигранти транзитираа преку Република Македонија на пат кон земјите на ЕУ. „ИОМ обезбеди значителна поддршка заедно со властите на Република Македонија и други меѓународни и локални организации, обезбедувајќи хуманитарна помош и заштита на ранливите“, додаде таа.

Таа понатаму истакна дека форумите како овој се одлична можност ИОМ да ги продлабочи своите односи со академијата, како и со повеќе традиционални партнери, како што се министерствата и невладините организации.

„Вклученоста на сите овие големи умови и енергични поединци ни нуди прекрасна шанса да пронајдеме нови и иновативни решенија за навидум нерешливите проблеми. Ние ги поместуваме традиционалните граници на мислата и доаѓаме со возбудливи идеи за да помогнеме да одговориме – и подеднакво важно, да се подготвиме за – сегашните и идните миграциски предизвици, и да истражуваме како да се справиме со ксенофобијата и говорот на омраза насочени кон мигрантите“.