ПОВИК ДО СИТЕ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕРИ! АГЕНЦИЈАТА ЗА МИГРАЦИИ НА ОН ГО ОБЈАВИ ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО НА ГЛОБАЛНИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА МИГРАЦИИ 2018

Женева – ИОМ, Агенцијата за миграции на ОН, оваа недела започнува со кастинг за да привлече таленти за една од трајните форми на уметност во светот на миграциите: филмот. Сето тоа е дел од кампањата „Заедно“(Together) на Обединетите Нации за промовирање на различноста ширум светот.

Женева – ИОМ, Агенцијата за миграции на ОН, оваа недела започнува со кастинг за да привлече таленти за една од трајните форми на уметност во светот на миграциите: филмот. Сето тоа е дел од кампањата „Заедно“ (Together) на Обединетите Нации за промовирање на различноста ширум светот.

За да се избере релевантен список на филмови кои ќе бидат прикажани на Глобалниот филмски фестивал за миграции (ГМФФ) во декември 2018 година, ИОМ Женева отвори повик на кој може да се поднесат долгометражни и кратки филмови во сите жанрови: фантазија, документарен филм, анимација, итн.

Повикот ќе биде отворен почнувајќи од 3-ти април до 21-ви јуни 2018 година. За да се земе предвид секоја апликација, филмовите мора да ги адресираат предизвиците и ветувањата за миграциите, како и многуте и уникатни придонеси кои мигрантите ги прават во своите нови заедници. Поканети се да учествуваат сите професионални и млади филмски режисери.

Пред поднесување на апликацијата, ги поттикнуваме сите филмски режисери да објават кратко видео или кратка презентација на новата апликација „Заедно“, која можете да ја најдете на Apple App Store и на Google Play Store. Со помош на апликацијата, можете да комуницирате со други филмски режисери и да соработувате на други проекти низ целиот свет.

Комисија на меѓународни професионалци ќе го одреди официјалниот избор во две категории, на следниов начин:

  • Долгометражни филмови: филмски режисери кои работат во сите жанрови се поканети да достават филмови кои ги адресираат фестивалските теми, со времетраење што надминува 41 минута.
  • Кратки филмови: филмски режисери кои работат во сите жанрови се поканети да достават филмови кои ги адресираат фестивалските теми, со вкупно времетраење од 40 минути.

Ќе бидат разгледани само филмови поднесени преку назначената платформа на Фестивалот, FilmFreeway.

Со текот на годините, филмовите не информираа, забавуваа, едуцираа и поттикнуваа дебата. Токму во духот на ова, ИОМ го стартуваше Глобалниот филмскиот фестивал за миграции во 2016 година. Минатата година Фестивалот беше прикажан  во 100 земји; официјалниот избор од 39 филмови доведе до 345 проекции во 100 земји низ целиот свет, привлекувајќи глобална публика од над 27 000 луѓе.

“Патиштата кои мигрантите ги минуваат, понекогаш полни со опасност, често полни со надеж, биле предмет на филмови низ историјата на киното”, рече генералниот директор на ИОМ, Вилијам Лејси Свинг. “Се надеваме дека филмовите на нашиот следен фестивал ќе внесат разбирање, сочувство со ликовите, стравопочит кон нивните патувања и восхит за оние кои ги поздравуваат своите нови соседи”.

Исто така, сите избрани филмови имаат право да освојат награда, вклучувајќи ја и Наградата за иновации (Innovation Award) за филмови направени исклучиво со мобилни телефони.

Амина Рвимо, бегалец-филмски режисер што живее во кампот за бегалци Какума, ја освои награда за Млади филмски режисери (Emerging Filmmakers) во 2017 година. “Оваа награда ќе биде отскочна штица кон многу други можности”, рече таа.

Кликнете тука за да пристапите на официјалниот портал за Глобалниот филмски фестивал за миграции.