УНОДЦ И ИОМ ЗАПОЧНАА ИНИЦИЈАТИВА ЗА БОРБА ПРОТИВ КРИУМЧАРЕЊЕ НА МИГРАНТИ

Две агенции на Обединетите нации се здружија во борбата против криумчарењето на мигранти. На 28 март, во канцеларијата на ОН во Виена, ИОМ, Агенцијата за миграции на Обединетите нации и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) организираа настан кој се фокусираше на Заедничка платформа за борба против криумчарењето на мигранти. На отварањето […]

Две агенции на Обединетите нации се здружија во борбата против криумчарењето на мигранти. На 28 март, во канцеларијата на ОН во Виена, ИОМ, Агенцијата за миграции на Обединетите нации и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) организираа настан кој се фокусираше на Заедничка платформа за борба против криумчарењето на мигранти.

На отварањето на настанот, извршниот директор на УНОДЦ, Јуриј Федотов, рече: “Ние мораме да работиме заедно за да им ги оневозможиме средствата и можностите на криминалците, за да ги заштитиме животите и безбедноста на луѓето и да ставиме крај на неказнивоста на криумчарите”.

Федотов ја поздрави оваа заедничка иницијатива за здружување и искористување на експертизата и искуството на двете организации во борбата против криумчарењето на мигрантите, велејќи: “УНОДЦ е посветена на проширување на нашата работа и истражување на начините за здружување на агенциите на ОН, вклучително и да се осигура дека одговорите на кривичната правда кон криумчарењето на мигранти се дел од холистички, мултидисциплинарни пристапи “.

Аргентина Сабадош, директорката на Регионалната канцеларија на ИОМ за Југоисточна Европа, Источна Европа и Централна Азија, рече: “Како што честопати изјави нашиот амбасадор Свинг, нема недостаток на политичка волја или правна заштита за мигрантите, јазот е во имплементација. Криумчарењето мигранти преку границите е транснационален криминал и бара транснационална соработка. Потребна е акција. Премногу животи се губат, и се трпи премногу страдање”.

За време на овие патувања, мигрантите се соочуваат со злоупотреба и експлоатација, нечовечки третман и сексуално насилство.

На глобално ниво, и преку своите регионални и национални канцеларии, ИОМ веќе многу години придонесува за спречување и во борбата против криумчарењето на мигранти. Во 2016 година, ИОМ го усвои Сеопфатниот пристап за борба против криумчарењето на мигранти во кој се дефинирани четири клучни столбови на делување: заштита и помош, адресирање на причините, подобрување на капацитетот на државите за да може да ги стопира активностите на криумчарите на мигрантите и промоција на истражување и собирање податоци.

УНОДЦ е чувар на Протоколот на Обединетите нации против криумчарењето на мигранти според Конвенцијата против транснационален организиран криминал.

Преку глобални, регионални и национални програми управувани од Виена и мрежа на теренски канцеларии, УНОДЦ ги поддржува државите во борбата против криумчарењето мигранти преку законодавна помош и градење на капацитети за истражување и гонење на кривични дела поврзани со криумчарење, како и разобличување на организирани криминални групи, заштита на правата на криумчарените мигранти и зајакнување на меѓународната соработка.

УНОДЦ, исто така, изработи серија на алатки и документи за политики, вклучувајќи го и веб-базираниот Портал за информации за криумчарење, и водеше јавни кампањи против криумчарењето на мигранти во различни делови на светот. Во 2018 година, УНОДЦ ќе ја објави Глобална студија за криумчарење на мигранти.

Новата иницијатива на ИОМ и УНОДЦ ги поттикнува главните засегнати страни да ги здружат силите против криумчарењето на мигрантите. Ова може да вклучува заедничко истражување, зајакнување на капацитетите на земјите членки – на нивно барање – за да се разобличат криминалните мрежи кои се вклучени во криумчарењето на мигрантите, зголемување на помошта за криумчарени мигранти или поддршка на развојот на стратегии за превенција и акциони планови.