Локација:
Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Косово под Резолуцијата 1244 на СБОН, Црна Гора, Србија и Турција
Времетраење на проектот:
36 месеци
Севкупна цел: Крајната цел на проектот е да се развие и да ја операционализира сеопфатен систем за управување со миграцијата во седум земји корисници на ИПА, имено Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Косово под Резолуцијата 1244 на СБОН, Црна Гора, Србија и Турција, во согласност со ЕУ стандардите. Земјите-кориснички на ИПА се во различни фази од процесот на проширување на ЕУ и усогласување на законодавството, но сите се во процес на подобрување на нивните политики, закони и институции за управување со миграција/границите, со цел асоцијација и интеграција во ЕУ. Затоа, сите земји-кориснички на ИПА делат заеднички стратешки цели во однос на пристапувањето кон ЕУ, оправдувајќи избалансиран регионален пристап за интервенција фокусирана на миграција.
Специфични цели: Специфичните цели ќе се насочени кон олеснување и зајакнување на некои од клучните области на системот за управување со миграцијата, со фокус на подобрување на размената на не-лични информации во регионот и; придонес кон воспоставување на механизам за асистирано доброволно враќање во земјите-кориснички.
Целна група/корисници:
Седум земји-кориснички на ИПА, имено Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Косово под Резолуцијата 1244 на СБОН, Црна Гора, Србија и Турција.
Активности:
- Подобрување на размената на не-лични информации и податоци во рамките на регионалните и меѓу-регионални нивоа;
- Воспоставување на механизми за доброволно враќање на регионално ниво и оперативна соработка со одредени земји на потекло надвор од Западен Балкан;
- Проценка на опсегот за формирање на база на преведувачи во регионот на Западен Балкан, во соработка со МАРРИ, и дизајн и имплементација на пилот проект за две клучни земји во Западен Балкан;
- Подобрување на идентификацијата и проценувањето на ранливоста на мигранти и бегалци, и осигурување дека во рамките на националните механизми постојат и функционираат системи за упатување.
Донатор: Европска Унија, ИПА II