ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦИ ЗА ОБУКА ЗА MOVIEQ

ФАСИЛИТАТОРИ НА ИОМ ЗА MOVIEQ – 10 фасилитатори Дали имате дипломирано на факултетите за општествени науки?! Дали имате искуство од групна работа и држење работилници?! Дали сте заинтересирани за програми наменети за развој и унапредување на социјални и животни вештини?   Повик на ИОМ  да се пријавите за 4-дневна обука за фасилитатори за MoviEQ За […]

ФАСИЛИТАТОРИ НА ИОМ ЗА MOVIEQ – 10 фасилитатори

  • Дали имате дипломирано на факултетите за општествени науки?!
  • Дали имате искуство од групна работа и држење работилници?!
  • Дали сте заинтересирани за програми наменети за развој и унапредување на социјални и животни вештини?

 

Повик на ИОМ  да се пријавите за 4-дневна обука за фасилитатори за MoviEQ

За методологијата

Меѓународните искуства покажуваат дека гледањето црно бело на работите, со што се создава строга и ненадминлива разлика помеѓу „ние” и „тие”, кај поединците предизвикува екстремни гледишта за светот околу нив и усвојување на туѓи идеи како сопствени. Оттаму,  оваа методологија за MoviEQ на ИОМ се однесува на структурата на размислување која на поединецот му помага да го надмине црно-белото категоризирање кон усвојување поширока перспектива.

Работилниците MoviEQ се подготвени од страна на истражувачи на универзитетот Кембриџ и експерти на ИОМ како одговор на потребата да се унапреди и развива критично размислување, емоционална интелигенција и емпатија кај младите луѓе во ризик.

Методологијата за работилниците за MoviEQ се заснова на научните постулати на теоријата за Интегративна комплексност со која длабински се проучуваат мисловните процеси, а учесниците имаат можност да развиваат свои комплексни наративи, кои го олеснуваат реалното решение на секојдневните проблеми.

Работилниците за MoviEQ се составени од 7 сесии на различни теми кои се релевантни за социјалниот контекст на младите луѓе и нивните локални заедници.

Што нудиме?

  • 4-дневна обука за водење работилница за MoviEQ (обуката ќе се организира во текот на втората половина на ноември 2018) на англиски јазик
  • Програма за менторство и полагање испит за фасилитатор
  • Сертификат за завршен курс од ИОМ и универзитетот Кембриџ
  • Материјали за репликација на работилниците MoviEQ на вашето работно место

 

Програма за обука

Три типа на учење: искуствено, аналитичко и практично

  1. MoviEQ сесии. Искуствено учење

Учеството на работилница за MoviEQ овозможува да се стекне уникатно искуство од влијанието на MoviEQ работилницата преку патување низ интелектуалниот капитал. Не бидете аналитични за време на сесиите. Учествувајте во активностите на сесиите и искусете ја перцепцијата на идните учесници. Размислете за вашето искуство на крајот на секоја сесија.

  1. Теорија. Aналитичко учење

За да се разбере добро целата методологија потребно е темелно познавање на теориите на кои истата е заснована. Теоријата за интегративна комплексност помага да се разбере структурата на сесиите. Покрај тоа, ќе се запознаете и со теоријата на промена која претставува основа на повеќето методологии кои ги користи ИОМ. Ќе научите како методологијата влијае на промени во однесувањето предизвикани од интеракција на левата и десната хемисфера на сесијата посветена на невронауката. На оваа сесија ќе откриете сѐ на ова патување низ интелектуалниот капитал, како и за моментите на увид во разликувањето и интеграцијата.

  1. Повратни информации. Практично учење

Преку задачите на фасилитаторите и вежбите, ќе ги усвоите основните вештини за фасилитирање кои се неопходни за водење на работилниците. Покрај задачите, преку практичните вежби ќе ги видите и предизвиците со кои се соочуваат фасилитаторите. За време на активностите во пар ќе имате можност да ја испробате улогата на фасилитатор на обука, и ќе добиете повратни информации за сработеното. По секоја сесија, во текот на сите четири дена, за време на сесијата за прашања и одговори,  ќе добиете дополнителни информации за делови од методологијата за кои е потребно дополнително појаснување.

Котизацијата и трошоците за сместување и патување се покриени од страна на ИОМ Скопје. Обуката ќе се изведува на англиски јазик.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

Заинтересираните лица треба да испратат кратка биографија и мотивациско писмо на  следната е-мејл адреса recruitmentskopje@iom.int  најдоцна до 11.11.2018,  со назнака ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ОБУКА НА ФАСИЛИТАТОРИ ЗА MOVIEQ