„Најверојатно нема да можам да ја вратам сета оваа љубезност, но би сакала во иднина да допринесам нешто за естонското општеството“

„Најпрво, во Полска дојдов како студент на размена, требаше да останам тука 5 месеци, но очигледно работите се променија. Одлуката да останам беше многу интуитивна, не беше рационална. Тука се чувствував многу задоволна и помислив дека ако останам подолго, ќе се случуваат добри работи. Потоа, се разбира, се запознав со еден Естонец и веќе живеам […]

„Најпрво, во Полска дојдов како студент на размена, требаше да останам тука 5 месеци, но очигледно работите се променија. Одлуката да останам беше многу интуитивна, не беше рационална. Тука се чувствував многу задоволна и помислив дека ако останам подолго, ќе се случуваат добри работи. Потоа, се разбира, се запознав со еден Естонец и веќе живеам тука две и пол години.

Кога првпат дојдов во Естонија, немав никакви очекувања. Кога помислуваме за миграцијата денес, луѓето најчесто одат во Скандинавија или во Германија, Велика Британија, Франција. Можев да си го замислам животот во тие земји, но воопшто не сум била во овој регион. Бидејќи немав претходни знаења или очекувања, доаѓањето во оваа источноевропска земја беше уште поинтересно.

Она што најмногу ми се допаѓа во Естонија е начинот на кој луѓето се однесуваат едни со други. Мислам дека тоа е затоа што е мала земја: луѓето пријателството го сфаќаат посериозно. Тешко е да се спријателите со луѓето, но откако тоа ќе го направите, пријателството е засекогаш. Друга работа што ја сакам тука е секуларниот став на луѓето. Во Полска секогаш ја чувствував потребата за протест, особено кога стануваше збор за женските права. Полска е многу традиционална и конзервативна земја: многу нешта не треба да бидат такви во 21 век. Во Естонија се чувствувам попријатно како жена.

Сега мојот живот и моето срце припаѓаат во Естонија. Јас дефинитивно ќе останам тука некое време. Во многу аспекти, се чувствувам поблиску до Талин и до естонската култура. Но, секако, ми недостасува Полска: ми недостасува многу отворениот, емоционален стил на комуникација и ми недостига полската култура, одењето во театар, на кино и на локални изложби.

Мислам дека за да се чувствува некој интегриран, треба да го знае јазикот на локалното население. Се срамам што сè уште не го зборувам естонскиот јазик. Бидејќи сите зборуваат многу добро англиски јазик, можете да се снајдете, но не можете да ги прочитате локалните вести и да се чувствувате како дел од заедницата. Овде, со организирање на некои културни настани, го запознав подобро локалното население, но би сакала да можам да ги читам вестите или да разберам што пишуваат моите пријатели. Мислам дека учеството во културни активности е навистина она што те интегрира во општеството.

Минатата година, навистина забележав колку Талин станува мултикултурен град. Во центарот главно го слушате англискиот јазик! Не знам дали тоа е добра или лоша работа, но мислам дека Естонците немаат за што да се грижат: нивното чувство за национален идентитет и култура е толку силно, што не може да биде загрозено од миграцијата. И бидејќи толку многу луѓе ја напуштаат земјата, потребни се имигранти за да ја одржат економијата. Исто така, повеќе миграција носи повеќе добра храна и ја збогатува локалната кујна!

Јас навистина се чувствувам како дома во Талин. Географски и демографски, тука е совршено. Искрено, тука се чувствувам многу добро – живеам во Источна Европа, но се чувствувам толку космополитски! Бев многу добро примена од Естонците, многу ми помогнаа. Мислам дека најверојатно нема да можам да ја вратам сета оваа љубезност, но би сакала во иднина да допринесам нешто за естонското општеството “.

 

Поврзана Цел за одржлив развој: