Експертски состанок за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти помеѓу делегација од Северна Македонија и Србија

На 18 и 19 април во Скопје (Хотел Солун) ќе се одржи дводневен експертски состанок помеѓу Националните координатори за борба против трговија со луѓе, јавните обвинители и претставници од МВР, МТСП, МНР на Република Северна Македонија и Република Србија. Состанокот е организиран во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите и механизмите за идентификување и заштита на ранливи категории мигранти во државите од Западен Балкан – Фаза III” финансиран од страна на Бирото на населението, бегалци и миграција (ПРМ) на Стејт Департментот на САД.