МИГРАНТИTE ВО БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА

Женева – Туберкулозата или ТБ, продолжува да биде водечка причина за смрт од еден единствен инфективен агенс ширум светот, според Глобалниот извештај за ТБ 2017. Секој ден има 28 000 нови случаи на заболени од ТБ и 4 500 поврзани смртни случаи.

Женева – Туберкулозата или ТБ, продолжува да биде водечка причина за смрт од еден единствен инфективен агенс ширум светот, според Глобалниот извештај за ТБ 2017. Секој ден има 28 000 нови случаи на заболени од ТБ и 4 500 поврзани смртни случаи.
На 24 март, ИОМ, Агенцијата за миграција на ОН и неколку други партнери ќе им оддадат почит на многуте “Лидери за свет без ТБ” на Светскиот ден на туберкулозата.
Се проценува дека јавните здравствени системи пропуштаат приближно 40 проценти од новите случаи на ТБ. Социјалните детерминанти на здравјето, како што е слабата исхрана, лошите услови за живеење и работа, ниското образование и свест и нискиот пристап до здравствена заштита, придонесуваат за потенцијалот на добивање туберкулоза. Затоа, пропуштените случаи често се јавуваат кај популациите најранливи на ТБ: мигранти, внатрешно раселени лица, бегалци и други заедници погодени од кризата.
ИОМ се залага за инклузија на мигрантската популацијата како најбрз начин за постигнување на целите за ТБ од Целите за одржливиот развој на ОН и Глобалниот план за ставање крај на ТБ 2016-2020. Програмите за ТБ на ИОМ се спроведуваат меѓу мигрантите, населението погодено од кризата и нивните заедници-домаќини низ целиот свет. Овие програми вклучуваат превенција на ТБ, рана дијагноза, третман, достапност на здравствените услуги и ширењето на свеста за стигмата и дискриминацијата.
Владите се подготвуваат за состанокот на високо ниво за ТБ на Генералното собрание на Обединетите нации во 2018 година. Приклучувајќи се кон Светската здравствена организација и Партнерството за стоп на ТБ на овој Светски ден на ТБ, ИОМ ја препознава клучната улога што мигрантите ја имаат во борбата против ТБ преку помагање на другите мигранти, бегалци, внатрешно раселени лица и нивните заедници.
“Оваа година им оддаваме почит на мигрантите лидери за свет без ТБ. Мигрантите можат да играат важна улога во камповите, градовите или руралните средини, локалните заедници и многу други места посветувајќи ги своите животи во борбата против ТБ “, рече Генералниот директор на ИОМ, амбасадорот Вилијам Лејси Свинг. “Како што покажува кампањата на ИОМ на овој Светски ден на ТБ, мигрантите служат како лекари, медицински сестри и здравствени работници во заедницата за да обезбедат третман, информации и поддршка во нивните заедници и се од витално значење за достигнување на соодветна реакција насочена кон ТБ и здравјето воопшто, со фокус на мигрантите.
Многу мигранти се лидери во создавање на свет без ТБ. Абдел Карим спроведува подигање на свеста од врата до врата за ТБ во бегалскиот камп во Азрак во Јордан. Тој се школувал за негувател во Сирија пред да избувне конфликтот. Во изминатите три години, тој им помогна и обезбеди информации за ТБ на неговата заедница.
Бхумика Бхатараи, исто така, ја води борбата против ТБ. Доаѓајќи од источниот регион на Непал, таа одлучи да се придружи во борбата на ИОМ против ТБ во Дамак. Од 2015 година, таа е вклучена во справувањето со случаи на ТБ, обезбедувајќи советување и работејќи со Службите на директно опсервиран третман. “Да се биде медицинска сестра, советник за ХИВ и ТБ, целосно сум фокусирана на лекување и нега на пациентот, давање информации за здравјето, набљудување на третманот, како и следење, евидентирање и известување за заразувањето. Бидејќи ТБ е излечива болест верувам дека можам да го направам животот подобар за луѓето погодени од ТБ и да постигнам добри резултати “, рече таа.
Прочитајте повеќе за мигрантите лидери на ТБ тука.
Жаклин Викерс, директорката на ИОМ на Одделот за миграција и здравје ја истакна посветеноста на ИОМ во борбата против ТБ. “Откако со Московската декларација доби мандат да стави крај на ТБ, ИОМ ја потврдува својата посветеност да работи во партнерство со Светската здравствена организација за ставање крај на епидемијата на ТБ до 2030 година, особено со активно ангажирање на луѓето и заедниците погодени од и изложени на ризик од ТБ. Многу лидери се барани од сите дисциплини, сектори и експертизи. Денес им се заблагодаруваме и им оддаваме почит на оние мигранти лидери кои овозможуваат свет без ТБ во меѓусебно поврзан контекст со невидена миграција и човечка мобилност. “
Има многу предизвици, но заедно можеме да постигнеме свет без ТБ. Можеме да направиме историја. Крај на ТБ.