Меѓународна летна школа “Управување во услови на мигрантски кризи”

Филозофскиот факултет на Универзитетот ͈Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево и Универзитетот за применети науки Велика Горица од Република Хрватска, во соработка со ИОМ, агенцијата за миграции на ОН, како и бројни други владини и невладини организации учествуваат во спроведувањето на Меѓународната летна школа […]

Филозофскиот факултет на Универзитетот ͈Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево и Универзитетот за применети науки Велика Горица од Република Хрватска, во соработка со ИОМ, агенцијата за миграции на ОН, како и бројни други владини и невладини организации учествуваат во спроведувањето на Меѓународната летна школа “Управување во услови на мигрантски кризи” која ќе се одржи во Скопје и Гевгелија.

Летната школа трае 7 дена (19 јуни – 24 јуни, 2018) со вкупно 80 работни часа (36 контакт часови, 20 часа вежби, 24 часа читање и изработка на задача/труд, при што ќе се одржува настава од 6 задолжителни модули и изработка на завршен труд).

На учесниците на Меѓународната летна школа „Управување во услови на мигрантски кризи“ ќе им се додели сертификат од Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии на Универзитетот во Сараево, Филозофскиот факултет на Универзитетот ͈Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Универзитетот за применети науки Велика Горица од Република Хрватска. Заедно со сертификатот се доделува и додаток диплома (Supplement) која ја опишува програмата на Летната школа.

Цената за студенти од Република Македонија изнесува 88 евра, а цената за други лица 138 евра.

Регистрацијата е отворена до 08 Јуни, 2018 година.

За повеќе информации околу Меѓународната летна школа, посетете ја веб-страната: https://www.summerschool.ba