Инсталација на систем за испитување на документи на граничните премини

На 14ти септември 2017 година, ИОМ Скопје достави нова опрема за Граничната полиција на граничниот премин Меџитлија-Битола.

На 14ти септември 2017 година, ИОМ Скопје достави нова опрема за Граничната полиција на граничниот премин Меџитлија-Битола. Пет системи за испитување на документи, набавени преку проектот Специјална мерка – финансиран од страна на Европска Унија, треба да се инсталираат на граничните премини низ целата земја. Едновремено, при инсталирањето на опремата, на секоја локација се организираат дводневни обуки за релевантните претставници на Граничната полиција.