Изјава на Агенцијата за миграции на ОН за Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија (ИДАХОТ)

Во свет каде што повеќе од една третина од земјите ги криминализираат консензуалните односи од ист пол, откривањето на вашиот родов идентитет и сексуалната ориентација може да биде крајно опасно. За внатрешно раселените членови на ЛГБТИ заедницата, исто така може да претставува проблем кон нивниот извор на приход, па дури и да биде опасно по […]

Во свет каде што повеќе од една третина од земјите ги криминализираат консензуалните односи од ист пол, откривањето на вашиот родов идентитет и сексуалната ориентација може да биде крајно опасно. За внатрешно раселените членови на ЛГБТИ заедницата, исто така може да претставува проблем кон нивниот извор на приход, па дури и да биде опасно по живот.

Неправдата со која се соочува ЛГБТИ заедницата во мирни околности едноставно не исчезнува во време на криза или кога луѓето се раселени, всушност, обично тогаш се засилува.

ЛГБТИ внатрешно раселените лица се соочуваат со комплексни предизвици и закани во сите фази на раселувањето. Најчесто тоа се дискриминација, предрасуди, насилство, тешкотии при пристапување до хуманитарни услуги и бариери при побарувањето на нивните потреби за заштита.

Оваа 2018 година ја одбележува 20-годишнината од Водечките принципи на ОН за внатрешно раселените лица. На овој Меѓународен ден против хомофобија и трансфобија (ИДАХОТ) (17/05), ИОМ би сакал да ја повика меѓународната заедница да се обврзе повеќе да помага, да ги заштити и да одговори на специфичните потреби на внатрешно раселените лица кои се дел од ЛГБТИ заедницата.

Со работењето кон свет каде што внатрешно раселените лица се подобро поддржани, не можеме да заборавиме на групите со посебна ранливост. Кога ќе бидете раселени во границите на вашата земја и сте член на ЛГБТИ заедницата, вие всушност се соочувате со предизвиците поврзани со двете групи. Хуманитарната помош мора да биде дизајнирана на начин што членовите на ЛГБТИ заедницата ќе добијат специфична поддршка која им е потребна. Ова е особено важно за здравствената заштита и психо-социјалната поддршка. Освен тоа, ЛГБТИ лицата кои се раселени во урбани средини, на пример, имаат потешкотии во пристапот до одредени основни услуги или вработување.

ИОМ гарантира дека сите нејзини програми се недискриминаторски и дека нејзиниот персонал гради хуманитарни одговори кои ги земаат предвид специфичните потреби на ЛГБТИ заедницата. ИОМ, заедно со УНХЦР, имаат развиено курс за обука на хуманитарни работници за подобра помош и заштита на раселените ЛГБТИ лица. Во изминатите неколку години, повеќе од 900 вработени се обучени во повеќе од 30 земји. Ние ќе продолжиме со овој напор. За време на обуката, тие учат за сексуалната разновидност, со цел да бидат подобро подготвени за да се справат со проблемите на ЛГБТИ заедницата.

Во последните пет години, ИОМ направи значаен напредок во адаптацијата и креирањето на внатрешни политики за да се поттикне инклузивноста. Ние ќе продолжиме да настојуваме да создаваме работна средина во ИОМ која најдобро ќе им служи на вработените кои се членови на ЛГБТИ заедницата и е во согласност со Стандардите на однесување што ги изготви Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права. ИОМ е поддржувач на глобалната кампања на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права “Слободни и еднакви” против хомофобијата и трансфобијата.

Денес, да се обврземе дека подобро ќе им служиме на оние кои се соочуваат со двојна дискриминација, за тоа што се внатрешно раселени лица и дел од ЛГБТИ заедницата. Ние, исто така, треба да се обврземе да ги третираме со почит сите оние кои имаат потреба од поддршка, како и нашите членови на персоналот, без оглед на нивниот пол, род, сексуална ориентација или родов идентитет.