Денес е Светскиот ден против трговијата со луѓе. Што треба да направиме сега?

Се верува дека милиони се моментално жртви на трговија со луѓе низ целиот свет. Речиси е невозможно да се размислува за секого кој е дел од таа бројка како за индивидуално човечко суштество и тоа може да изгледа како непремостлив проблем.

Се верува дека милиони се моментално жртви на трговија со луѓе низ целиот свет. Речиси е невозможно да се размислува за секого кој е дел од таа бројка како за индивидуално човечко суштество и тоа може да изгледа како непремостлив проблем. Сепак не е. И на овој Светски ден против трговијата со луѓе мора да веруваме дека не само што можеме да оставиме трага, туку и дека можеме да направиме значајни придонеси за нејзино елиминирање.

Во Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Агенцијата на ОН за миграции со која раководам, секојдневно се справуваме со трговијата на луѓе. Знаеме дека трговијата вклучува повеќе од киднапирање и продавање на лица, луѓе принудувани да работат против своја волја, и жртви присилени да дадат бубрег или друг витален орган. Трговија со луѓе може да се случи и многу суптилно како во случаи на вработување, каде работниците плаќаат за вработување и за сместување, платите им се задржуваат, или не можат да го напуштат работодавецот и на тој начин се ставени во ранливи ситуации каде се понатаму експлоатирани и постануваат жртви на трговија. Мигранти кои патуваат по регуларни или нерегуларни мигрантски рути низ целиот свет се високо ранливи на овие видови на злоупотреба. Многумина кои го започнуваат своето патешествие со доброволно предавање во рацете на криумчари исто така постануваат жртви на трговија во текот на патувањето.

Покрај нашата практична работа и таа на нашите партнери за обезбедување на заштита и помош на околу 90.000 жртви на трговија со луѓе низ годините, ние неуморно работиме на собирање и анализирање на глобални податоци за трговијата со луѓе, за да можеме колективно да ги подобриме и имплементираме најдобрите практики и да ги информираме политиките и програмите за подобро решавање на трговијата со луѓе.

На пример, од 2015 година, ИОМ анкетираше повеќе од 22.000 мигранти на патувањето преку источно и централно-медитеранските патишта. Ова е најголема анкета која допрва треба да ја истражи ранливоста на мигрантите на трговијата и експлоатацијата на медитеранските патишта кон Европа. Околу 39% од интервјуираните лица имале лично искуство кое укажува на присуство на трговија со луѓе или други експлоатациски практики долж рутата, при што многумина известуваат за директни искуства со злоупотреба, експлоатација и практики кои можат да бидат поврзани со трговија со луѓе. Гледајќи само на Централната рута, шокантни 73% од интервјуираните го посочија ова. Со ова истражување ИОМ во моментов испитува кои фактори ја предвидуваат ранливоста на мигрантите на трговија со луѓе и експлоатација на нивното патување.

Наша цел е исто така да ја олесниме преку-граничната, меѓу-агенциска анализа и заедницата за борба против трговијата со луѓе да ја обезбедиме со информации што ни се потребни за да развиеме посеопфатно разбирање за ова сложено прашање. За таа цел, наскоро ќе започнеме со Соработка за податоци за борба против трговијата со луѓе. Поврзувајќи ги податоците за случаи на жртви на ИОМ и тие на партнерите, ова ќе биде првата воопшто отворена платформа за податоци за трговијата со луѓе.

Како што развиваме нови знаења и алатки, од клучно значење е да ги споделиме нашите наоди и да комуницираме со други глобални лидери. Овој септември, во обид да се развие “Глобалниот договор за сигурна, уредна и регуларна миграција”, владите ќе се состанат на разговори околу криумчарењето на мигранти, трговијата со луѓе и современите форми на ропство, вклучувајќи и соодветна идентификација, заштита и помош на мигрантите и жртвите на трговија со луѓе. Ова ќе биде наша прилика да ја споделиме нашата експертиза развивана низ децении на истражување и пракса во оваа област и да учиме од другите.

Уште учиме и разбираме како подобро да одговориме на трговијата со луѓе, но се уште има многу неодговорени прашања. Што ги прави мигрантите подложни на трговија со луѓе? Што знаеме за оние со кои се тргува во моментов? И како најдобро да го спречиме тоа во иднина?

Можеби сè уште ги немаме сите одговори, но знаеме дека сега мораме да ги акумулираме податоците и знаењата кои ги имаме и да ги направиме преносливи за да можеме сите да извлечеме корист од нив. Не ги познаваме сите оние кои би можеле да бидат изложени на ризик, но знаеме дека треба да ја направиме миграцијата побезбедна, поуредна и порегуларна за да ги направиме мигрантите помалку ранливи. Не го знаеме точниот број на жртви на трговија со луѓе, но знаеме дека е преголем.

Борбата против трговијата со луѓе изискува од нас да изнаоѓаме одговори на многубројните прашања. Таа бара од нас подобро да реагираме, со споделување на податоци, знаење и алатки, и бара да реагираме здружени.

 

Автор е Вилијам Лејси Свинг (William Lacy Swing), Генералниот директор на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Агенцијата на Обединетите нации за миграции