АГЕНЦИЈАТА ЗА МИГРАЦИЈА НА ОН ЗАЕДНО СО ПАРТНЕРИТЕ ВО БОРБА ПРОТИВ ДЕГРАДАЦИЈАТА НА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Женева – По повод Светскиот ден на животната средина (05/06), ИОМ, Агенцијата за миграции на ОН, ги здружи силите со глобалните актери кои се обидуваат да се борат против загадувањето со пластика и деградацијата на животната средина низ целиот свет.

Женева – По повод Светскиот ден на животната средина (05/06), ИОМ, Агенцијата за миграции на ОН, ги здружи силите со глобалните актери кои се обидуваат да се борат против загадувањето со пластика и деградацијата на животната средина низ целиот свет.

Темата на Светскиот ден на животната средина (ВЕД) оваа година е “Победи го загадувањето со пластика” – едноставна фраза која нагласува огромни импликации за нашата планета. Пластиката за еднократна употреба стана еден од најголемите предизвици за нашата животна средина; од околу  13 милиони тони од оваа пластика, исто така, завршува во нашите океани секоја година, заканувајќи го животот на морињата, екосистемите и нашето здравје бидејќи влијае на водата што ја консумираме.

ИОМ препознава дека здравата животна средина е суштински поврзана со благосостојбата и издржливоста на мигрантите и нивните заедници-домаќини. “Ако инвестираме во заштитата на нашата животна средина денес, можеме да ги намалиме ризиците од раселување поради климатските промени и деградацијата на животната средина за идните генерации”, рече Дина Јонеско, раководител на Одделот за миграција, животна средина и климатски промени на ИОМ. “Тоа ќе значи намалување на загубите и штетите кои се јавуваат кога миграцијата претставува трагедија и последна шанса”.

Согледувајќи дека е потребна брза акција за заштита на нашата животна средина, ИОМ се приклучи на Групата за управување со животна средина на Обединетите нации и ја воспостави својата институционална програма за одржливост на животната средина во согласност со стандардите на Обединетите нации за одржливост од 2017 година.

Заложбата за намалување на отпадот, исто така, се протега до самите канцелариите на организацијата; ИОМ Египет неодамна го основа „Зелениот Египет“, внатрешна работна група за заштита на животната средина која има за цел да ја вклучи еколошката одржливост во набавките и програмите. „Зелениот Египет“ опфаќа вработени од секој оддел, кои дејствуваат како контакт лица во рамките на нивните тимови, додека работат на постигнување на листата на цели за управување со отпад за 2018 година.

Во Мадагаскар, земја која се соочува со повеќе еколошки предизвици, вклучувајќи уништување на шумите и ерозија на почвата, ИОМ се здружи со приватна компанија за обработка  на хартиениот отпад на канцелариите – одвојувајќи ја од останатите, така да може да се рециклира за употреба на нови комерцијални производи.

Ваквите локални иницијативи, усогласени со темата “Победи го загадувањето со пластика “, избрани од страна на Индија, која е домаќин на ВЕД 2018, претставуваат начин како да не натераат да направиме промени во нашиот секојдневен живот со цел намалување на тешкото загадувањето со пластика во природата, животинскиот свет и нашето сопствено здравје “. Но, надвор од сопствените капацитети, ИОМ придонесува за дискусии на ниво на политики за да се потенцира значењето на еколошки одржливите практики во управувањето на миграцијата.

“Мораме да погледнеме кон политиката за миграција и да практикуваме со иновативен пристап, за да видиме како безбедното и уредното мигрирање може да обезбеди решенија и можности за луѓето кои се под влијание на климатските промени и деградацијата на животната средина за да се движат достоинствено”, додаде Јонеско.

Прочитајте повеќе за иницијативите за животната средина и климатските промени на ИОМ тука.