АГЕНЦИЈАТА ЗА МИГРАЦИИ НА ОН ВО БОРБА ПРОТИВ МАЛАРИЈА ПРЕКУ ПАРТНЕРСТВО И АКЦИЈА

Женева – На Светскиот ден на маларија (25/04), ИОМ, Агенцијата за миграции на ОН и неколку други глобални партнери промовираат напори за справување со маларијата, една од најстарите, но најпродорни закани за јавно здравје на нашето време. Во 2016 година, имало над 216 милиони случаи на маларија на глобално ниво, 445 000 смртни случаи поврзани […]

Женева – На Светскиот ден на маларија (25/04), ИОМ, Агенцијата за миграции на ОН и неколку други глобални партнери промовираат напори за справување со маларијата, една од најстарите, но најпродорни закани за јавно здравје на нашето време. Во 2016 година, имало над 216 милиони случаи на маларија на глобално ниво, 445 000 смртни случаи поврзани со маларија, и 2,7 милијарди долари инвестирани во превенција, лекување и елиминација на болеста. Африка придонесува за речиси 90 проценти од глобалниот товар на маларијата.

“Во светот денес, невиден број луѓе се во движење и миграцијата може да претставува предизвик за контролата и елиминацијата на маларијата. Сепак, имаме средства за да ја победиме маларијата – и ние ќе ја победиме – со партнерство и акција за која повикавме на состанокот на африканските и светските лидери во Адис Абеба во јануари “, изјави Жаклин Викерс, директорката на ИОМ на Одделот за миграција и здравје.

Движењето на поединци од повисоки до пониски превалентни средини, или области без маларија, влијаат на напорите за контрола. Ограничениот пристап на превенција од маларија, вклучително и здравствено образование и третман пред, за време и по процесот на миграција ги прави мигрантите поранливи и влијаат на напредокот за контрола, елиминирање и евентуално искоренување на болеста.

Овогодишната тема “Подготвени да ја победиме маларијата” ја истакнува реалноста дека засегнатите страни имаат средства за елиминирање на смртоносната болест, но мерливите придобивки направени во претходните години мора да се одржат. Во јануари 2018 година, светските лидери се состанаа во Адис Абеба, Етиопија и ја истакнаа обновената посветеност на Африка без маларија до 2030 година, веднаш по објавувањето на Светскиот извештај за маларија (2017) од страна на Светската здравствена организација (СЗО), кој покажа дека трендовите за борба против смртоносната болест за прв пат стагнираат во последната деценија. Извештајот ја нагласува потребата за континуирани инвестиции и партнерства, користејќи стратегии базирани на докази за превенција, дијагностицирање и лекување.

ИОМ ги поддржува земјите-членки да спроведуваат политики за вклучување на мигрантите за да се осигура дека се исполнети целите за Глобалната техничка стратегија за маларија 2016-2030 и за Целите на одржлив развој. Ова е донесено преку поддршка на националните програми за болести и владите во извршувањето на високо влијание и одржливи програми. Зајакнувањето на одговорите на заедницата кои се однесуваат на детерминантите на здравјето на мигрантите за градење на одржливи здравствени системи кои се прилагодени кон мобилното население, се клучни за справување со сеприсутните предизвици за контрола на маларијата.

ИОМ во моментов поддржува програми за маларија во десетици земји на глобално ниво, често со поддршка на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Во Јемен, Тајланд и Сомалија, ИОМ има имплементирано повеќенаменски стратегии за јавно здравје базирани на докази, вклучително и интервенции околу векторната контрола, дистрибуција на долготрајни мрежи за кревети третирани со инсектицид (ЛЛИН) и комуникациски кампањи за промена на однесувањето за да се подигне свеста околу превенцијата и да се поттикне да се побара третман, вклучувајќи и усогласеност со лекови.

Прочитајте ги приказните за работата на ИОМ со заедниците на мигрантите погодени од маларија тука.