За нас

Мисијата на ИОМ Скопје е основана во 1999 година, со цел да и се помогне на земјата во спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со посебен акцент на управувањето со миграцијата. Оттогаш, активностите на ИОМ Скопје поврзани со миграцијата се проширија, вклучувајќи ја трговијата со луѓе, техничката соработка и градењето на институционалните капацитети во областа на миграцијата, програми за доброволно враќање и реинтеграција, програми за економска стабилизација и др. Стратегијата на ИОМ го зема во предвид процесот на членство во ЕУ и потребата за постепено усогласување со европското законодавството за миграција, како еден од главните движечки елементи на своите активности.

logo

Настани

Експертски состанок за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти помеѓу делегација од Северна Македонија и Србија

На 18 и 19 април во Скопје (Хотел Солун) ќе се одржи дводневен експертски состанок помеѓу Националните координатори за борба против трговија со луѓе, јавните обвинители и претставници од МВР, МТСП, МНР на Република Северна Македонија и Република Србија. Состанокот е организиран во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите и механизмите за идентификување и заштита на ранливи категории мигранти во државите од Западен Балкан – Фаза III” финансиран од страна на Бирото на населението, бегалци и миграција (ПРМ) на Стејт Департментот на САД.

Можност за Јавни Набавки

НАСЛОВ

ПОКАНА ЗА ПОНУДА РЕФ.БР. КАТЕГОРИЈА ДАТУМ НА ОБЈАВУВАЊЕ

ДАТУМ НА ЗАТВОРАЊЕ

 Нема податоци

Центар за Виза Апликации на Канада

ВФС Глобал управува со Центарот за Виза Апликации на Канада (ЦВАК) во Република Македонија, воден од Меѓународната Организација за Миграција (ИОМ) во Скопје. ЦВАК е ексклузивен обезбедувач на услуги за Владата на Канада, овластен да прифати барања во сите категории за привремен престој:

  • Посетителска виза,
  • Студентски и работни дозволи,
  • Барања за патни исправи од постојани жители на Канада во Република Македонија.

Одлуката за одобрување или одбивање на барање за виза е направена исклучиво од имиграционите службеници во Државјанство и Имиграција на Канада (ДИК).

Видео

Пријави трговија со луѓе

Информативно видео кое е дел од Кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, која се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на националните капацитети во областа на азилот, миграциите и трговијата со луѓе“ кој е финасиран од Европската Унија – имплементиран од страна на Меѓународната организација за миграции – ИОМ во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Новости

Twitter Feeds

UNmigration @UNmigration
IOM - UN Migration  @UNmigration
A migrant’s journey home can be as difficult as the decision to leave. For returnees like Marullo, home is a new… https://t.co/US3pPFwnRh 
IOM - UN Migration  @UNmigration
RT @ICRC:Do the Geneva Conventions apply in Westeros? For the #GameOfThronesFinale the @RedCrossAU analysed every violatio… https://t.co/cp3KDmDR97 
IOM - UN Migration  @UNmigration
RT @europeaid:🎭 Culture feeds us. 🎭 Culture moves us. 🎭 Culture defines us. 🎭 Culture makes us feel alive. What does culture me… https://t.co/G3cU9qdjSq 

Партнери и Донатори

Отворени работни места

Да се биде дел од тимот на ИОМ потребни се највисоките стандарди на ефикасност, стручност и интегритет. Како меѓународна организација со глобален мандат, ИОМ, исто така, има за цел да ја одржи правичната географска рамнотежа меѓу нејзиниот персонал. Како таква, нејзините напори за вработување се насочени, но не ограничени, кон државјаните на земјите-членки. ИОМ е работодавец кој нуди еднакви можности и е во потрага по посветени професионалци со широк спектар на вештини во областа на миграциите.