Локација:
Република Македонија

Времетраење на проектот:
18 месеци

Севкупна цел:
Предложениот проект ќе придонесе за подобрување на системот на управување со миграциите во согласност европските и меѓународните стандарди, а истовремено да го подобри пристапот до услугите за заштита на ранливите категории на мигранти.

Специфични цели:

  • Поддршка на националните власти за подготвување, зајакнување и усвојување на политики и стратешки документи во согласност со стандардите на ЕУ,
  • Зајакнување на институционалните капацитети и меѓу институционалната соработка,
  • Зголемување на вештините и знаењата на националните власти во областа на идентификацијата, упатувањето и асистенцијата на жртвите на трговија со луѓе (ЖТЛ) и другите ранливи категории на мигранти,
  • Подигнување на свеста за достапните услуги за заштита и ризиците поврзани со миграцијата кај ранливите категории.

Целна група/корисници:

  • Релевантни национални институции, како на централно, така и на локално ниво и граѓански организации,
  • Мигранти, баратели на азил, потенцијални и идентификувани жртви на трговија со луѓе.

Активности:

  • Обезбедување на техничка помош и поддршка при изработка на практични и специфични документи за политиките во согласност со европските стандарди, со што ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на целокупниот систем за управување со миграцијата,
  • Градењето на капацитетите на 600 стручни лица од Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Националниот координативен центар за интегрирано гранично управување, Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, Јавното обвинителство, Академијата за судии и јавни обвинители, Административниот и Кривичниот суд, работната група за борба против трговијата со луѓе, локалните комисии за борба против трговијата со луѓе и ирегуларна миграција и граѓанските организации во спроведувањето на новата легислатива од областа на миграцијата, во усогласување на оперативните процедури со европските стандарди и други, врз основа на нивните потреби идентификувани во планираната проценка,
  • Подобрување на услугите за директна помош обезбедени од страна на Центарот за ЖТЛ преку воспоставување на Фонд за директна асистенција кој ќе овозможи психолошка и медицинска помош, обезбедување на храна и друга помош на жртвите на трговија со луѓе, како и пристап до услугите за ресоцијализација и реинтеграција. Исто така, работата на Центарот за ЖТЛ ќе биде поддржан преку воспоставување и градење на капацитетите на четири мобилни тимови составени од претставници на релевантните институции и граѓански организации, со значително искуство во областа на идентификација, асистенција и реинтеграција на потенцијални и идентификувани жртви,
  • Имплементација на информативна кампања со цел да ја зајакне свеста на ранливото население за ризиците поврзани со миграцијата, со посебен фокус на трговијата со луѓе. Во соработка со институциите, проектот ќе овозможи подобрување на свеста на ранливите мигранти за достапните услуги за заштита.

Донатор: Европска Унија