Локација:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                     Република Македонија

Времетраење на проектот:
32 месеци

Севкупна цел:
Главната цел е да ги поддржи националните власти кои управуваат со државните граници да одговорат на прекуграничниот криминал со фокус на криумчарењето на мигранти, истовремено обезбедувајќи пристап базиран на човековите права.

Целна група/корисници:

  • Министерство за внатрешни работи на Република Македонија – Гранична полиција,
  • Странски полициски службеници и прераспоредени домашни полициски службеници.

Активности: 

  • Поддршка на националните власти во спречување и борба против прекуграничниот криминал, со посебен фокус на криумчарењето на мигранти и трговијата со луѓе, преку покривање на логистичките трошоци на странските гранични полициски службеници. Нивната вклученост во заедничките патроли овозможува размена на искуства од
    европските практики со домашната гранична полиција во однос на спречување на криумчарењето на мигранти и трговија со луѓе.
    Во однос на придобивките, далеку најзначајната придобивка за домашните гранични полициски службеници е здобивање со нови искуства во контекст на справување со најгорливите проблеми, како што се спречување и борбата против криумчарењето на мигранти и трговија со луѓе, со што се обезбедува заштита на ранливи мигранти и бегалци од криминални групи.
  • Подобрување на граничниот надзор на јужната граница на земјата преку употреба на нови технологии. Новата модерна технолошка опрема, која во главно се состои од термовизиски камери со краток и долг опсег, детектори за отчукување на срцето, системите за испитување на документи и системи за граничен надзор, значително придонесоа за спречувањето и борбата против криумчарењето на мигранти и трговијата со луѓе.
  • Унапредување на вештини и знаења на националните власти за управување со државните граници како одговор на прекуграничниот криминал.
    Поконкретно, повеќе од 500 гранични полициски службеници беа обучени со цел подобрени знаења на избршување на работните задачи преку учество во обуките за хуманитарно гранично управување, со посебен фокус на човековите права на мигрантите, стандардните оперативни процедури за заштита на ранливи категории на мигранти, ранливоста на жени и не-придружувани малолетници во масовни миграциски текови, како и спречување и борба против криумчарење и трговија со луѓе.

Донатор: Европска Унија