Локација:
Зелените граници во Србија и Република Македонија

Времетраење на проектот:
6 месеци

Севкупна цел:
Крајната цел на проектот е да се придонесе кон давање на соодветна и координирана поддршка на лица на поминување на влезните, транзитните и излезните точки во Србија и Република Македонија, преку надградување на постоечките мерки преземени од страна на ИОМ и партнерите за имплементација.

Целна група/Корисници: 

  • Мигранти и бегалци кои транзитираат низ Западен Балкан;
  • Релевантни државни институции задолжени за справување со миграциската криза.

Активности: 

  • Ангажирање дополнителни тимови задолжени за координација со релевантните чинители во областа, како и директна помош за луѓето на поминување, на влезните и транзитните локации на зелената граница меѓу Србија и Република Македонија, Бугарија и Хрватска;
  • Ангажирање во изнајмување на три дополнителни комбиња за превоз на мигранти и бегалци кон центрите за регистрација и прием на влезните премини (Република Македонија);
  • Набавка на три контејнери за Транзитните Приемни Зони во Гевгелија / Куманово (Република Македонија);
  • Изготвување на Стандардни оперативни процедури за ранливите категории на мигранти преку ангажирање на надворешен консултант и организирање на работилница со релевантните засегнати страни (Република Македонија);
  • Набавка на информатичка опрема за подобрување на процесот на регистрирање (Република Македонија);
  • Организирање на редовни координативни состаноци помеѓу релевантните чинители (Србија и Република Македонија);
  • Одржување на две работилници за теренскиот персонал на ИОМ ангажиран во камповите и приемните транзитни центри во Република Македонија и Србија заради подобрување на познавањата од психосоцијална работа со мигранти и бегалци и превенција на исцрпеност, и обезбедување на градење на капацитети за асистенција на мигранти (Србија и Република Македонија).