Локација:
Скопските општини Шуто Оризари иЧаир и Општината Тетово населени со ромско население.

Времетраење на проектот:
15 месеци

Севкупна цел:
Предложениот проект ќе придонесе за националните напори за намалување на сиромаштијата и социо—економска вклученост на Ромите, особено жените Ромки, во согласност со целите на „Националната стратегија за социјална вклученост и намалување на сиромаштијата“, Националната стратегија за Ромите и „Националната стратегија за подобрување на положбата на жените Ромки“ создавајќи еднакви можности за сите за пристап до пазарот на труд.

Специфични цели:
Посебната цел е да се олесни одржлива интеграција на пазарот на труд на лица од ромската заедница, особени жените преку зајакнување на нивните потенцијали за вработување и справување со пречките што го отежнуваат учеството на пазарот на труд.

Целна група/корисници: 

  • 180 корисници од ромската заедница, со фокус на жените Ромки.
  • Со цел да се таргетираат најранливите, предност ќе им се даде на самохраните мајки.

Активности: 

  • Основање техничка работна група составена од професионални работници на полето на социо-економско вклучување на Ромите,
  • Изготвување модули за обука во согласност со тековните потреби на пазарот на труд, склоностите на корисниците, нивниот професионален историјат (доколку постои) и образование,
  • Планови за личен развој за корисниците врз основа на процената на поединечните вештини и ниво на знаење,
  • Обуки на работното место,
  • Обука за меѓучовечки и комуникациски вештини за зајакнување на клучните компетенции за работа на корисниците,
  • Тематски сесии со цел корисниците и нивните семејства да се запознаат подобро со традиционалните ставови за образованието и вработувањето на жените и последиците од тоа.