Локација:
Грција, Република Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија, Албанија, Косово*, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Времетраење на проектот:
12 месеци

Севкупна цел:
Предложениот проект ќе придонесе на тековните напори на владите на Грција, Република Македонија, Србија, Хрватска, како и Албанија, Косово*, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Унгарија, во адресирањето на вонредната состојба преку воспоставување на Мрежа за размена на информации која обезбедува споделување на клучни информации за природата и обемот на тековите, притоа истовремено обезбедувајќи значаен фокус на специфичните потреби на мигрантите.

Специфични цели:
Посебната цел е да се помогне при координација на управување со мешаните миграциски текови од страна на Граничната полиција и другите релевантни органи, како и испорака на итна помош која најмногу придонесува при решавање на одредени слабости на најголемиот број на корисници.

Целна група/корисници:

  • Владини агенции кои управуваат со миграциските текови; транзитните целни земји на мигрантите.

Активности:

  • Координативна средба на Проект менаџмент тимот, да обезбеди координација и размена на најдобри практики,
  • Членовите на оперативниот персонал се ангажирани при собирање на податоци и координација на активности,
  • Проект менаџмент тимот е вклучен во процесот на обезбедување на координација, консолидација, анализа и дисеминација на собраните податоци, преку мисиите на ИОМ и при избор на релевантни засегнати страни,
  • Проценка на мигрантските намери на движења во Република Македонија и Република Србија,

Настани во земји приклучени кон проектот на кои ќе се презентираат резултатите од проектот.