Локација:
Србија и Република Македонија

Времетраење на проектот:
6 месеци

Севкупна цел:
Акцијата ќе обезбеди битна поддршка за подобрување на капацитетот на клучните владини структури во осигурувањето дека е достапна најнеопходна асистенција и помош според потребите на сите бегалци, баратели на азил и мигранти во Западен Балкан, преку зголемување на разбирањето и свеста за обемот на предмети со мигранти меѓу сите чинители, вклучувајќи ја и хуманитарната заедница. Во моментов постои недостаток на систематско собирање на податоци за ранливите мигранти, баратели на азил и бегалци за веродостојно информирање околу хуманитарните активности. Според тоа, ќе се состави една Матрица за следење на преместувањата (МСП) како модел за Следење на протокот и Систем на проценување на локациите, за да се обезбеди редовно ажурирање на податоците за локациите, бројките, движењата и мулти-секторските потреби на ранливите мигранти, барателите на азил и бегалците во регионот на Западен Балкан.

Целна група/Корисници: 

  • Бегалци, баратели на азил и мигранти во регионот на Западен Балкан;

Активности:

  • Обука на попишувачи за преземање систематско собирање на податоци и нивна обработка, со користење на прилагодена листа на проверки што треба да се осмисли за да се земе во предвид контекстот на тековната криза во Западен Балкан.

Додатни информации: