ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА МРЕЖА ЗА РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПО ДОЛЖИНАТА НА МИГРАНТСКАТА РУТА ОД ГРЦИЈА ДО УНГАРИЈА И ХРВАТСКА

Предложениот проект ќе придонесе на тековните напори на владите на Грција, Република Македонија, Србија, Хрватска, како и Албанија, Косово*, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Унгарија, во адресирањето на вонредната состојба преку воспоставување на Мрежа за размена на информации која обезбедува споделување на клучни информации за природата и обемот на тековите, притоа истовремено обезбедувајќи значаен фокус на специфичните потреби на мигрантите.

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА МАТРИЦА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕМЕСТУВАЊА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Акцијата ќе обезбеди битна поддршка за подобрување на капацитетот на клучните владини структури во осигурувањето дека е достапна најнеопходна асистенција и помош според потребите на сите бегалци, баратели на азил и мигранти во Западен Балкан, преку зголемување на разбирањето и свеста за обемот на предмети со мигранти меѓу сите чинители, вклучувајќи ја и хуманитарната заедница.

ПАТЕКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПРЕКУ РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ И ОДРЖЛИВА ИНТЕГРАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ НА РОМИТЕ, ОСОБЕНО НА ЖЕНИТЕ РОМКИ (PATHSKILL)

Предложениот проект ќе придонесе за националните напори за намалување на сиромаштијата и социо—економска вклученост на Ромите, особено жените Ромки, во согласност со целите на „Националната стратегија за социјална вклученост и намалување на сиромаштијата“, Националната стратегија за Ромите и „Националната стратегија за подобрување на положбата на жените Ромки“ создавајќи еднакви можности за сите за пристап до пазарот на труд.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРИЛАГОДЕНА И КООРДИНИРАНА ПОДДРШКА НА ЛИЦА КОИ СЕ НА ПОМИНУВАЊЕ НА ВЛЕЗНИТЕ, ТРАНЗИТНИТЕ И ИЗЛЕЗНИТЕ МЕСТА ВО СРБИЈА И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Крајната цел на проектот е да се придонесе кон давање на соодветна и координирана поддршка на лица на поминување на влезните, транзитните и излезните точки во Србија и Република Македонија, преку надградување на постоечките мерки преземени од страна на ИОМ и партнерите за имплементација.