Опсег

Со овие правила и услови е регулирана употребата на следнава веб-страна:

www.iomskopje.org

Со користењето на веб-страната, корисникот ги прифаќа правилата и условите содржани тука.

 

Општо

ИОМ Скопје ги става на располагање сите материјали објавени на својата веб-страна, вклучувајќи, меѓу другото, текстови, документи, логоа, дизајни, визуелни материјали, фотографии и видеа, само за информативни цели.

ИОМ Скопје го задржува ексклузивното дискреционо право да ја измени, ограничи или исклучи својата веб-страна без известување, и нема да има никаква обврска да ги земе во предвид потребите на нејзините корисници во врска со тоа.

ИОМ Скопје го задржува дискреционото право да не дозволи пристап на кој било корисник до веб-страната или некој нејзин дел без известување.

 

Интелектуална сопственост

Сите права од интелектуална сопственост во врска со материјалите остануваат во сопственост на ИОМ Скопје, освен ако е поинаку назначено.

ИОМ Скопје го задржува правото да ја брани сопственоста на информациите преземени од веб-страната.

 

Авторски права и дозволи

Сите материјали се со авторски права на ИОМ Скопје, освен ако е поинаку назначено. Материјалите може да се разгледуваат,  преземаат и печатат само за лична, некомерцијална употреба, без право на продажба, препродажба, редистрибуирање или создавање дела изведени од нив.

Со исклучок на информации за медиумите, за каква било друга употреба, вклучувајќи вадење на дел, превод, репродукција и дистрибуција, во која било форма или со какви било средства, електронски, механички, со фотокопирање, или на друг начин, е потребна претходна експлицитна писмена дозвола од ИОМ Скопје.

Дозвола за користење на материјали, кои не се во сопственост на ИОМ Скопје, мора да се бара од сопственикот на авторските права.

 

Информации за медиумите

Соопштенија и белешки од прес конференции може да се репродуцираат слободно без право да се продаваат или да се врши наплата за нивна употреба, под услов ИОМ Скопје да е конкретно и јасно идентификувана како извор на материјалите.

Видеа може да се прикажуваат, репродуцираат и/ или емитуваат слободно, без право да се продаваат или да се врши наплата за нивната употреба, освен ако не е поинаку наведено. За видео материјали, чии авторски права не се на ИОМ Скопје, со квалитет за емитување, ве молиме погледнете ги листите за информации околу пристапот и ограничувањата.

На ИОМ Скопје треба и се припишат заслугите како извор, освен ако не е поинаку наведено. Корисникот мора да го вклучи URL-линкот до материјалите, како и следнава фраза за припишување заслуги: © International Organization for Migration – Skopje(IOM Skopje) 200x.

Спомнувањето на ИОМ Скопје како извор на материјалите не треба да се прави на начин кој имплицитно или експлицитно би искажал или навестил поддршка, спонзорство или поврзаност со ИОМ Скопје.

 

Публикации, фотографии, логото и други материјали на ИОМ Скопје

За барање на дозвола за вадење на дел, превод, копирање или репродуцирање на материјалите содржани во публикација на ИОМ Скопје, заради комерцијални или некомерцијални цели, дозвола за користење на фотографија, дозвола за користење на логото на ИОМ Скопје и други материјали, ве молиме контактирајте нѐ:

Меѓународна организација за миграција – Скопје

Ул. Бањалучка бр. 4, 1000 Скопје, Република Македонија

E-mail: iomskopje@iom.int

Телефон: +389 2 3095 477

 

Поврзување со веб страницата на ИОМ Скопје

Други веб-страни може да имаат линк до веб-страната на ИОМ Скопје, без да бараат дозвола од ИОМ Скопје. Сепак, таквите линкови мора јасно да упатуваат на ИОМ Скопје како извор на прикажаните информации и да го зачуваат интегритетот на веб страниците на ИОМ Скопје без никакви промени.

 

 

Политика на приватност

Анонимно пребарување

Корисниците може да ја пребаруваат веб-страната без да откријат какви било лични податоци.

 

Следење на прометот на веб-страната

ИОМ Скопје ги следи трендовите во користењето на својата веб страница.

ИОМ Скопје ги користи тие информации за статистички цели и мерење на активноста на страната, со цел подобрување на нејзината корисност. Овие информации не се поврзани со никакви лични информации кои вие ги давате на ИОМ Скопје доколку се регистрирате за некоја од услугите на ИОМ Скопје, или вршите нарачки преку интернет или плаќање со кредитна картичка.

 

Колачиња

Следење на веб сообраќајот вклучува употреба на колачиња, мали делови од кодот зачувани на хард дискот од вашиот компјутер. Кога ќе ја посетите веб-страната, некои информации, како што е веб-страната што ве упатила до ИОМ Скопје, вашата IP адреса, пребарувач и типот на машина што ја користите, како и навигациски информации како што се преземени документи, страниците што ги посетувате и датумите/часот на тие посети, се собираат.

Имате право да одбиете колачиња ако тоа го дозволува вашиот пребарувач, иако во тој случај може да не сте во можност да користите одредени функции на веб страната и може да се бара повторно да внесувате исти информации почесто, заради користење на одредени услуги на веб страната.

 

Лични податоци

ИОМ Скопје не собира лични податоци, како што се име, адреса, e-mail адреса и други податоци за индивидуалните корисници, освен ако такви информации се доброволно откриени, на пример со нарачување на публикација, правење на онлајн донација или претплатување на билтен. Во таков случај, ИОМ Скопје ќе ги користи личните податоци само за целта за која биле дадени.

ИОМ Скопје не продава, дистрибуира ниту изнајмува лични податоци собрани преку својата веб страница.

ИОМ Скопје се потпира на интернет провајдери за обезбедување на услуги, како што се услуги за хостирање, анализа на прометот преку интернет, електронски билтени, онлајн истражувања, онлајн трговија и солуции за електронско плаќање.

Ако купувате стоки или услуги преку веб-страната, може да биде побарано да дадете податоци за вашата кредитна картичка. Овие податоци се пренесуваат на безбедна онлајн служба за платен промет, хостирана надвор од ИОМ Скопје. ИОМ Скопје не ги задржува податоците за кредитната картичка.

ИОМ Скопје не ги споделува личните податоци со трети лица, освен ако не е во врска со услуги како што се купување на публикација, пополнување на анкета или донирање на средства.

ИОМ Скопје нема намера да бара или прибира лични информации од лица помлади од 13 години. Лицата на возраст под 13 години не треба да ја користат или да внесуваат информации на веб-страната.

 

Оградување

Материјалите се обезбедени на основа „какви што се“, без какви било гаранции, било експлицитни или имплицитни, вклучувајќи, но не ограничувајчи се на, гаранции за конкурентност, погодност за одредена цел и неповредливост на права. ИОМ Скопје особено не дава никакви гаранции ниту прави претставувања за соодветноста, квалитетот, навременоста, точноста и целосноста на материјалите.

Иако ИОМ Скопје не може да даде какви било гаранции дека не постојат грешки на веб-страната, настојува, каде што е соодветно, да се исправат посочените грешки.

Kористењето на веб-страната е на сопствен ризик на корисникот. Со користење на веб-страната корисникот се согласува да ја заштити, обештети и да не и наштети на ИОМ Скопје, нејзините вработени и изворите на содржини на веб страната од сите загуби, штети, трошоци (вклучувајќи правни надоместоци и трошоци), побарувања, тужби и одговорности до степен кој произлегува од или е резултат од користењето на веб-страната.

Ниту ИОМ Скопје, ниту кој било од вработените или изворите на информации или содржини не прифаќаат каква било одговорност за соодветноста, квалитетот, точноста, навременоста и комплетноста на материјалите.

Ниту ИОМ Скопје, ниту кој било од вработените, изворите на информации или содржини ќе биде одговорен кон кој било корисник или кој било друг за неточност, грешка, пропуст, прекин, ненавременоста, нецелосност, бришење, дефект, нефункционалност, компјутерски вирус, дефект на комуникациска линија, промена или употреба на која било содржина објавена на веб-страната, без оглед на причината, или за какви било штети произлезени од истите.

Ако некој корисник е незадоволен со некој материјал на веб-страната или со некое од правилата и условите кои владеат за веб-страната, единствен и ексклузивен лек на корисникот е да прекине со користење на веб-страната.

 

Граници и географски називи

Прикажувањето и употребата на граници, географски имиња и слични податоци кои се прикажани на мапи и вклучени во листи, табели, документи и бази на податоци на веб-страната, не е загарантирано без грешки, ниту пак тие значат пресуда за правниот статус на која било територија, или поддршка или прифаќање на такви граници од страна на ИОМ Скопје.

 

Совети, мислења и тврдења

Веб-страната може да содржи совети, мислења и тврдења на разни извори на информации и содржини. ИОМ Скопје не ја застапува, ниту потврдува, точноста или веродостојноста на каков било совет, мислење, тврдење или други информации обезбедени од страна на кој било извор на информации или содржини, корисник на веб страната или кое било друго лице или субјект. Потпирањето на кое било такво мислење, совет, тврдење или други информации ќе биде на сопствен ризик на корисникот.

 

Друга веб-страна

ИОМ Скопје не поддржува безрезервно политики и верувања од организации и поединци кои се наведени или кон кои се упатува во материјалите на оваа веб-страна.

ИОМ Скопје не дава никакви гаранции и особено се оградува од каква било одговорност кон трети веб-страни или линкови. ИОМ Скопје ги поставува линковите до други страни само за олеснување и употребата на линк или упатување до други страни не подразбира одобрување или поддршка на поврзаната веб-страна, од страна на ИОМ Скопје.

 

Други корисници

Секој корисник го потврдува сознанието и согласноста дека ИОМ Скопје не е одговорна за постапувањето на кој било корисник.

 

Грешки, вируси, малициозни програми, итн.

Иако ИОМ Скопје ги прави сите напори за да ги обезбеди материјалите, кои се на располагање на својата веб-страница, од каков било софтверски вирус, не може да гарантира дека материјалите немаат никакви вируси. ИОМ Скопје не е одговорна за каква било загуба или штета предизвикана од софтвер и сродни кодови, вклучувајќи вируси и црви.

 

Безбедносни мерки

Веб-страната користи низа на технологии и мерки на безбедност, како што се енкрипција и/или алатки за докажување на автентичност, со цел да се заштитат информациите што се водат на системите на ИОМ Скопје од злоупотреба, неовластен пристап или откривање, менување или губење.

Иако ИОМ Скопје користи разумни средства за да се осигура дека податоците кои ги давате нема да се користат од трети лица за цели поинакви од онаа за која се дадени, ИОМ Скопје не може да гарантира дека неовластени трети страни никогаш нема да бидат во можност да ги совладаат мерките на безбедност или да ги употребат вашите лични податоци за несоодветни цели. Треба да бидете свесни дека нема пренос на податоци преку интернет кој е целосно безбеден. Затоа преносот е на ваш сопствен ризик.

 

Даватели на услуги преку интернет

Иако ИОМ Скопје има силен интерес во интегритетот на своите онлајн даватели на услуги, особено во поглед на нивната сигурност и заштита на лични и податоци за кредитни картички, не дава никакви гаранции и изричито отфрла каква било одговорност во врска со услугите. ИОМ Скопје исто така се оградува од секаква одговорност од каква било природа за каква било загуба или штета, предизвикана на каков било начин, во врска со користење на која било од услугите.

 

Електронски пораки

ИОМ Скопје се обидува да одговори на електронските пораки кои се испраќаат на e-mail адресите наведени на веб страната. Сепак, ИОМ Скопје нема никаква обврска да одговори на која било ваква порака.

 

Контакт

Ако имате прашања или грижи околу овие правила и услови, ве молиме контактирајте нѐ:

Меѓународна организација за миграција – Скопје

Ул. Бањалучка бр. 4, 1000 Скопје, Република Македонија

E-mail: iomskopje@iom.int

Телефон: +389 2 3095 477

 

 

Известување за измени

ИОМ Скопје го задржува правото да ги измени овие правила и услови кога било, без известување.

 

Разно

Ништо од овие правила и услови не влијае на привилегиите и имунитетите кои ги ужива ИОМ Скопје како меѓувладина организација.