Отворени работни места во ИОМ Скопје

Да се биде дел од тимот на ИОМ потребни се највисоките стандарди на ефикасност, стручност и интегритет. Како меѓународна организација со глобален мандат, ИОМ, исто така, има за цел да ја одржи правичната географска рамнотежа меѓу нејзиниот персонал. Како таква, нејзините напори за вработување се насочени, но не ограничени, кон државјаните на земјите-членки. ИОМ е работодавец кој нуди еднакви можности и е во потрага по посветени професионалци со широк спектар на вештини во областа на миграциите. Вработените во ИОМ работат во мулти-културна средина во која се вреднуваат различноста и културната чувствителност.

Доколку сакате да аплицирате на отворените работни позиции на ИОМ ширум светот, Ве молиме кликнете тука.

Практиканти во ИОМ Скопје

Програмата за практикантската работа на ИОМ Скопје има за цел да им понуди на студентите на додипломски и постдипломски студии можност да се здобијат со практично искуство преку нивно целосно вклучување во секојдневните работни активности на организацијата во областите поврзани со миграција. Практикантските можности се неплатени и обично траат 3 месеци, со можност за продолжување, но не подолго од 6 месеци (со скратено работно време или цело работно време).

Отворените практикантски позиции се достапни во следниве сектори:

  • Сектор за Управување со ресурси,
  • Сектор за Управување на миграција,
  • Сектор за Развој на проекти,
  • Сектор за Јавни набавки.

Заинтересираните кандидати се охрабруваат своите документи (кратка биографија и мотивациско писмо) да ги испратат до ИОМ Скопје: recruitmentskopje@iom.int

Позиција

Земја

Местоположба

Оценка

Категорија 

Издадена на

Затворање на

 Нема податоци