ИОМ Скопје редовно набавува стоки, работи и услуги од локални и меѓународни доставувачи, изведувачи и даватели на услуги. ИОМ се придружува кон чесност, интегритет и непристрасност во сите аспекти при работата и истото го очекува од своите доставувачи.

Општите принципи за јавни набавки на ИОМ, критериумите за доделување и процесите се водени од:

  • Квалитетот на стоките, работите и услугите,
  • Ефикасноста и економичноста,
  • Еднаквите можности и отворената конкуренција,
  • Транспарентноста во процесите и соодветната документација,
  • Највисоки етички стандарди во сите активности на јавните набавки.

Понудите и предлозите се евалуираат во согласност со техничките спецификации, распоред на испорака, цена, начин на плаќање и сервисна гаранција. Договорите се доделуваат на понудувачите со најниските понуди кои нудат најдобра вредност врз основа на бараните технички спецификации. Покрај тоа, сите ИОМ доставувачи треба да се придржуваат кон ИОМ Кодексот на однесување за доставувачите, каде преовладуваат принципите против судирот на интереси, измама, корупција и експлоатација на детскиот труд.

За повеќе информации или за да ги видите глобалните можности за набавки на ИОМ, посетете ја http://www.iom.int/procurement.

НАСЛОВ ПОКАНА ЗА ПОНУДА РЕФ.БР. КАТЕГОРИЈА ДАТУМ НА ОБЈАВУВАЊЕ ДАТУМ НА ЗАТВОРАЊЕ
Нема податоци