Меѓународна организација за миграции – Скопје

Мисијата на ИОМ Скопје е основана во 1999 година, со цел да и се помогне на земјата во спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со посебен акцент на управувањето со миграцијата. Оттогаш, активностите на ИОМ Скопје поврзани со миграцијата се проширија, вклучувајќи ја трговијата со луѓе, техничката соработка и градењето на институционалните капацитети во областа на миграцијата, програми за доброволно враќање и реинтеграција, програми за економска стабилизација и др. Стратегијата на ИОМ го зема во предвид процесот на членство во ЕУ и потребата за постепено усогласување со европското законодавството за миграција, како еден од главните движечки елементи на своите активности.

Примарната цел на ИОМ Скопје е да се делува во целосно партнерство со Владата и со националните и меѓународните партнери, со цел да се работи во насока на јакнење и усогласување на стандардите во сите клучни области поврзани со миграцијата.