ИОМ во Светот

Меѓународната организација за миграција е меѓувладина организација со седиште во Женева.

Првично беше основана во 1951 година како Меѓувладин комитет за Европска Миграција (ICEM), за да им помогне на раселените лица од Втората светска војна. ИОМ е главна меѓувладина организација во областа на миграцијата. Посветена е на промовирање на хумана и правилна миграција за доброто на сите, преку давање на услуги и совети за владите имигрантите.

ИОМ работи да им обезбеди правилно и хумано управување на миграцијата, да се промовира меѓународната соработка на миграциските прашања, за да им помогне во потрагата по практичните решенија за миграциските проблеми и да се обезбеди хуманитарна помош за мигрантите кои имаат потреба, било да се бегалци, раселени лица или други раселени луѓе.

ИОМ работи во четири широки области на миграцискиот менаџмент: миграција и развој, потпомагање на миграција, регулирање на миграција и решавање на присилна миграција.

Вкрстените активности вклучуваат промовирање на меѓународното право за миграција, дебата за политики и насоки, заштита на правата на мигрантите, здравје и родовата димензија на миграцијата.

ИОМ работи во тесна соработка со владини, меѓувладини и невладини партнери.

Поширокиот опсег на активностите беше следен со брза експанзија од релативно мал агенција во една со годишен оперативен буџет од околу 1 милијарда долари и некои 5.400 вработени кои работат во повеќе од 100 земји во светот.

Мисија

Меѓународната организација за миграција – ИОМ е посветена на принципот на хумана и законита миграција која е во корист и на мигрантите и на општеството. Како водечка меѓународна организација за миграција, ИОМ, во соработка со своите партнери во меѓународната заедница, делува со цел:

• Да помогне во задоволување на растечките оперативни предизвици за управување со миграцијата.

• Да се подобри разбирањето на проблемите поврзани со миграцијата.

• Да се поттикне социјален и економски развој преку миграцијата.

• Да се задржи човековото достоинство и добросостојбата на мигрантите.

Стратешки фокус на ИОМ

1. Да обезбеди безбедни, сигурни, флексибилни и економични услуги на лицата кои имаат потреба од помош за меѓународна миграција.

2. Да се зајакне хуманото и законито управување на миграцијата и ефективното почитување на човековите права на мигрантите, во согласност со меѓународните закони.

3. Да понуди стручни совети, истражување, техничка соработка и оперативна помош на државите, меѓувладините и невладините организации и други чинители, со цел градење на националните капацитети и олеснување на меѓународната, регионалната и билатералната соработка во однос на миграциските прашања.

4. Да придонесе за економски и социјален развој на државите преку истражување, дијалог, креирање и имплементација на програми поврзани со миграција, во насока на зголемување на придобивките од миграцијата.

5. Да пружи поддршка на државите, мигрантите и заедниците во справување со предизвиците на илегалната миграција, вклучително и преку истражување и анализа на основните причини, размена на информации и ширење на најдобрите практики, како и поддржување на решенија фокусирани на развојот.

6. Да биде примарна референтна точка за информации во врска со миграцијата, истражувања, најдобри практики, собирање на податоци, компатибилност и споделување на истите.

7. Да ја промовира, олесни и поддржи регионалната и глобалната дебата и дијалог за миграцијата, вклучително и преку меѓународен дијалог за миграција, со цел да го унапреди разбирањето на можностите и предизвиците кои таа ги претставува; идентификацијата и развојот на ефективни политики за справување со тие предизвици како и идентификување на сеопфатен пристап и мерки за унапредување на меѓународната соработка.

8. Да им помогне на државите да ја олеснат интеграцијата на мигрантите во новата средина и да ја вклучат дијаспората како развојни партнери.

9. Да учествува во координирани хуманитарни акции во контекст на меѓу-агенциски договори во оваа област и да обезбеди миграциски услуги во други итни или пост-конфликтни ситуации, соодветно и поврзано со потребите на лицата, со што ќе придонесе за нивна заштита. Иако ИОМ нема мандат за правна заштита, останува фактот дека со своите активности придонесува за заштита на човековите права, имајќи ефект, или последица, на заштита на лицата вклучени во миграција.

10. Да спроведува програми кои го помагаат/олеснуваат доброволното враќање и реинтеграцијата на бегалците, раселените лица, мигрантите и други лица кои имаат потреба од услуги за меѓународна миграција, во соработка со другите релевантни меѓународни организации како што е соодветно, а земајќи ги во предвид потребите и интересите на локалните заедници.

11. Да им помогне на државите во развој и испорака на програми, студии и техничка експертиза за борба против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, особено жени и деца, во согласност со меѓународните закони.

12. Да се поддржат напорите на државите во областа на економската миграција, особено во однос на краткорочни преселби, како и други видови на кружни миграции.