Миграциски активности

  • Миграциска здравствена заштита
  • Регулирање на миграција
  • Потпомагање на миграција

Додека земјата е сеуште во процес на социјални и економски транзициони промени, направен е значителен напредок во областа на управување со миграцијата и заштита на правата на мигрантите. Напредокот постигнат во областа на управување со миграцијата е признаен од страна на Европската Унија и на земјата и донесе безвизен режим со сите земји од Шенген зоната од декември 2009. Географската положба на земјата – дел од балканскиот регион, се граничи со две земји-членки на Европска Унија (Грција и Бугарија), и е во процес на интегрирање во ЕУ – ја прави уникатен транзитен пат за миграција, од која голем дел е нерегуларна. Безвизниот режим во Шенген зоната донесе полесни законски начини на патување и вработување во земјите членки на ЕУ, но и нови предизвици за системот за управување на миграцијата во земјата од кои повеќето се однесуваат на прашања како што е одливот на мозоци и недостаток на знаење и соодветна примена на миграциските закони на ЕУ и процедурите од страна на некои од граѓаните на Република Македонија.

Примарната цел на ИОМ во земјата е да се делува во целосно партнерство со Владата, како и национални и меѓународни партнери и да работат кон јакнење и усогласување на стандардите во сите утврдени клучни миграциски области. Активностите на ИОМ се осврнуваат на различни неодложни миграциски прашања вклучувајќи, меѓу другото: трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, техничка соработка и градење на институционални капацитети, помош за доброволно враќање и реинтеграција, економска миграција, како и економска и социјална стабилизација на ранливите мигранти и потенцијалните жртви на трговија со луѓе. Стратегијата на ИОМ го зема во предвид процесот на зачленување во ЕУ и потребата за прогресивно усогласување со миграциското законодавството на ЕУ – овие елементи се вклучени во тековните и предложените програми на ИОМ.

Миграциска здравствена заштита

Донатори

  • Плаќањето е лично за Австралија, Канада и Нов Зеланд

Одделението за медицинска помош на ИОМ продолжува да работи кон остварување на подобро управување со влијанието на јавното здравје на мобилноста на популацијата на земјите приматели, како и обезбедување на информации за здравствената состојба на мигрантите. По барање на владите на Канада, Австралија и Нов Зеланд, ИОМ Скопје врши медицински проценки на мигранти кои заминуваат за постојан престој во соодветните земји. Од 2000-та година, ИОМ Скопје има извршено здравствена проценка на околу 11.000 мигранти.

Регулирање на миграција

Донатори

Владите на Швајцарија, Финска, Норвешка, Белгија, Германија, Италија и Холандија

Асистирано доброволно враќање и реинтеграција (АДВР) е една од големиот број на услуги на миграцискиот менаџмент на ИОМ која се нуди на мигрантите и владите. Има за цел уредно, хумано и економично враќање и реинтеграција на мигрантите кои не се во можност или не сакаат да останат во земјата домаќин и сакаат доброволно да се вратат во нивните земји на потекло. ИОМ Скопје обезбедува разновидни услуги за мигрантите кои се враќаат во Република Македонија, кои вклучуваат: асистенција на аеродром, транспорт до финална дестинација, советување и упатување до служби за помош, доделување на грантови за реинтеграција, поддршка за домување, реинтеграција во образование, стручни обуки, олеснување при вработување и започнување на микро бизнис. Распонот на предмети се состои од одбиени баратели на азил, ранливи повратници (оние со медицинска состојба, малолетници без придружба, жртви на трговија со луѓе, итн.), како поединци така и цели семејства. Видот и обемот на помошта зависи од потребите на повратниците, како и од политиките и можностите на земјите донатори/испраќачи.

Потпомагање на миграција

Донатори

  • Европска Комисија ИПА 2009 Мулти-корисничка програма 2, ИОМ Фонд за развој, како и Германската федерална канцеларија за миграција и бегалци.

Целта на ИОМ во економската миграција е да потпомогне изготвување на политики и програми кои можат да донесат индивидуална и взаемна корист на засегнатите влади, мигранти и општества.

ИОМ Скопје е фокусирана на спроведување на активностите во насока на зајакнување на постоечката мрежа од Мигрантски Сервисни Центри со цел да обезбеди ефикасно ширење на информации за легални канали на миграција меѓу потенцијалните економски мигранти. Во поглед на зајакнување на влијанието на економската миграција врз развојот, со истовремено ублажување на негативното влијание на емиграцијата на квалификувани човечки ресурси, ИОМ, во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика, спроведува иницијативи за враќање на вештини и човечки капитал.

Од 2006-та година, ИОМ Скопје спроведе циклус на иницијативи со цел да се намали зачестеноста на трговијата со луѓе и илегалната миграција меѓу младите Роми преку активности за превенција – активности во насока на подобрување на работните вештини на корисниците, а со тоа и подобрување на нивниот потенцијал за вработување. Акцијата предвидува комбинација на различни мерки за стимулирање на вработувањето, кои се движат од стручни обуки до обука на работно место и од обезбедување на механизми за самовработување и алатки до подигање на свеста за само-промоција и професионална ориентација.